Играчот од средниот ред на Барселона, Артур Мело, е голема желба на Јувентус да го доведе во своите редови, а наводно е се поблизу „Старата дама “ да го направи тоа.

Артур првично одби да ја напушти Барса, дури и напиша желба во писмена изјава, но и покрај тоа Барселона размислува да го продаде во Јуве, а во спротивен правец да дојде Миралем Пјаниќ.

Според, „Тутоспорт“  Бразилецот во моментов тренира со резервите на Барселона и веќе им дал позитивен одговор на „бјанконерите“.