Артуро Видал денеска во Милано ќе ги изврши вообичаените медицински прегледи, потоа следува потпис со Интер, јавува Скај Спорт Италија.

Чилеанецот вчера притигнал во Милано, Барселона го ослободила за само 1 милион евра, пишуваат медиумите од Шпанија и Италија.

Антонио Конте инсистираше на потпис на Видал, потребен му е искусен играч од средниот ред, конечно го доби, тврдат извори блиски на Интер.