Шпанскиот „АС“ тврди дека Златан Ибрахимовиќ е во преговори со клуб од Аргентина и тоа не било кој, управата на Бока Јуниорс веќе разговарала со менаџерот на Швеѓанецот.

Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси му завршува во декември, Мино Раиола веќе преговарал со славниот клуб од Аргентина кој е воодушевен од понудата.

Проблем за Бока Јуниорс е платата на Ибрахимовиќ кој има милионски договор во САД, клубот од Аргентина има претседателски избори и се чини дека тоа може да биде искористено да се донесе Швеѓанецот кој игра извонредно во МЛС.

Ибрахимовиќ сезонава за ЛА Галакси постигна 27 голови на 26 натпревари на ова придодаде и пет асистенции.