Како што пишува АС од Шпанија, раководството на Ла Лига го одреди 12 јуни за рестарт на сезоната.

Шпанските клубови се вратија на тренинг, има проблеми со коронавирусот, пет играчи се позитивни денеска во Првата и Втората лига, идентитетот не е откриен.

Сепак и покрај проблемите, АС тврди дека на 12 јуни Ла Лига ќе биде рестартирана, останаа уште 12 кола до крајот на сезоната во која лидер е Барселона пред Реал Мадрид со два бода предност.