Реал Мадрид го договорил Пол Погба што е голема желба на Зинедин Зидан, часови го делат од потпис тврди „АС“ кој информира дека тројца играчу ќе мора да заминат  од Мадрид за да се реализира трансферот.

Трансферот на Погба во Реал значи заминување на тројца играчи од таборот на „кралевите“, според „АС“  на излезна врата се  Бејлс, Хамес Родригес и Диаз.

За да го продаде  Погба во Реал и Јунајтед има планови за замена, на листата на желби се  Бруно Фернандез од Спортинг, Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Реал досега потроши 300 милиони евра за трансфери, доколку пропадне обидот да се доведе Погба, втора опција е  Дони ван де Бек од Ајакс.