Како што пишува „АС“ од Шпанија, Реал Мадрид кој веќе потроши 330 милиони евра за засилување има желба да го доведе в освоите редови Килијан Мбапе.

Најталентираниот млад играч во светот е желба на Зинедин Зидан, за тоа Реал подготвува терен како да го доведе во своите редови. Желбата е двострана, Мбапе има изјавено дека сака да игра во Реал Мадрид кој има цел со 15 милиони ерва годишна плата да го привлече репрезентативецот на Франција.

Мбапе има годишна плата кај ПСЖ од 12 милиони евра  и важечки договор со шампионот на Франција до 2023 година што секако ја усложнува позицијата на „кралевите“ во обидот да дојде  до услугите на овој супер играч.