Реал Мадрид нема намера да се откаже од Пол Погба ова лето, пишува шпански „АС“ кој на денешната насловна страна објави голема фотографија од фудбалерот со поднаслов „Реал не се откажува“.

Манчестер Јунајтед наводно веќе одбил две понуди од Реал и со сите сили се обидува да го задржи Французинот на Олд Трафорд, кој пак неодамна изјави дека е време за нови предизвици.

Реал ова лето потроши 300 милиони евра на засилувања, а подготвен е да даде уште 170 милиони за еден играч за кој Зидан инсистираше пред почетокот на преодниот рок.

Според медиумот, претставници на Реал двапати пристигнале во Англија на преговори, но на истите не се појавиле луѓето од Јунајтед. „АС“ смета дека Погба сепак од клубот ќе побара да се сретне со Шпанците.

Како што пишува „АС“, Погба не сака да биде на авионот за Австралија каде „Црвените ѓаволи“ ќе започнат со подготвителните натпревари, па ќе го замоли Оле Гунер Солскјер да му го олесни трансферот.

Реал пак, е подготвен да чека колку е потребно. „АС“ тврди и дека Погба се погласил на условите кои му ги нуди Реал, а освен „кралевите“ интерес за Французинот има и од Јувентус.