Астон Вила бара минимум 100 милиони фунти за да го пушти во друг клуб својот капитен Џек Грилиш, објави лондонски Индипендент.

25-годишниот Грилиш, кој сезонава игра одлично, во летниот преоден рок беше приоритетна цел на Манчестер јунајтед, но до договор не дојде. Тогаш Вила бараше 70 милиони фунти за англискиот репрезентативец.

Весникот пишува дека Грилиш, кој сезонава има 5 голови и 6 асистенции на 9 натпревари, сега е главна цел на Манчестер сити, иако тој неодамна потпиша петгодишен договор со премиерлигашот од Бирмингем.