Екипата на Астон Вила објави, дека го ангажирала играчот на Баер Леверкузен , Леон Бејли.

Репрезентативецот на Јамајка доаѓа на Вила Парк за 25 милиони фунти и ќе потпише 4. годишен договор.

Бејли неделни наназад беше голема желба на клубот од Бирминген и се очекуваше се да биде завршено, сега тоа и се случи.

Репрезентативецот на Јамајка претходните четири ипол сезони играчи за Баер каде што пристигна во јануари 2017 година од Генк.

Во најсилниот ранг на германскиот фудбал одигра 156 натпревари и постигна 39 голови.

Бејли треба да биде замената за Џек Грилиш кој се очекува да ги засили редовите на Манчестер Сити.