Само ден по информацијата дека Даниел Стариџ е казнет со забрана да се бави со фудбал до јуни оваа година, поради аферата со обложувањето, доаѓа информацијата дека за него се заинтересирани дури два клуба – Астон Вила и Интер Мајами од МЛС лигата.

Бидејќи веднаш по соопштувањето на казната, неговиот клуб Трабзонспор го раскина договорот со Стариџ, сега и Астон Вила и клубот на Дејвид Бекам планираат да го добијат Стариџ бесплатно, како слободен агент ова лето.

Оваа сезона Стариџ одигра 16 натпревари за Трабзонспор и постигна 7 гола, комбинирани со 4 асистенции.