Манчестер Сити синоќа го заклучи најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, објави на својот Твитер профил најпозатиот светски стручњак за трансфери, Фабрицио Романо.

Џек Грилиш се согласил да ја напушти Астон Вила, а клубот од Бирмингем исто така се согласи да го продаде во Манчестер за 117 милиони евра, 12 милиони повеќе од отштетата што Манчестер Јунајтед ја плати а Пол Погба на Јувентус.

Англискиот играч од средниот ред потпишал договор до 2026-та година и сега само се чека службената објава. Тоа би требало да се случи веднаш откако Грилиш ќе ги мине лекарските прегледи.

Астон Вила пак веќе ја најде замената за него и тоа во Норис. Станува збор за Тод Кантвел, пишува Скај Спорт. Во тимот од Бирмингем веќе пристигна Емилијано Буендија од Норис, а Кантвел влегува во последната година од договорот, па не би било големо изненадување неговиот тим да одлучи да го продаде за да заработи нешто од него.