Италијанска Аталанта, која минатата сезона заврши на третото место во Калчо лигата и си осигура историски пласман во Лигата на шампионите, го доведе своето прво засилување за наредната сезона.

Досегашниот напаѓач на Севиља, колумбиецот Луис Муриел е нов играч на Аталанта, каде ќе го носи дресот со бројот 9.

Муриел доаѓа во редовите на Аталанта со големо искуство во Серија А, откако претходно ги бранеше боите на Удинезе, Сампдорија и Фиорентина.