Поразот од Аталанта донесе бурно утро во Торино. Јувентус почнува да размислува за апсолутен приоритет да го постави итниот ангажман на Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач му е неопходен на клубот од Торино за да ја спаси сезоната, наведува порталот ЈuventusNews24 и објаснува:

По натпреварот против Аталанта, сосема е јасно дека на клубот му треба класичен напаѓач кој постигнува голови. Душан Влаховиќ го прави токму тоа, носи многу голови, а моментално Мората малку. Затоа приоритет е доаѓањето на српскиот напаѓач, веќе во зимскиот преоден рок, се вели во текстот.

Сепак, нема да помине се така лесно. За Влаховиќ се заинтересирани речиси сите европски великани. А последниот клуб на кој би го продаде Фиорентина се вика Јувентус.