Аталната е најефикасниот тим во калчо лигата сезонава, со 61 гол по 23 одиграни средби.

Екипата од Бергамо, вчера ја победи Фиорентина со 2-1, со тоа стигна до 61 погодок сезонава и е прва екипа која постигна ваква броја на голови по Јувентус на кого последен пат му успеа да биде вака ефикасен во 1960 година по 23 одиграни средби во сезоната.

Само Манчестер Сити е поефикасен тим од Аталанта сезонава во ТОП 5 првенствата, постигнаа 65 голови но од 25 средби.

Аталанта е извонредна и оваа сезона, стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите, во калчото е на 4. место.