Аталанта има намера да го откупи играчот за врска, Марио Пашалиќ, по крајот на сезоната.

Хрватот е во клубот од Бергамо од лето 2018 година, како позајмен фудбалер од Челзи.

Според сознанието на Tuttomercato, Аталанта ќе даде 15 милиони евра, колку што побарува Челзи, и во летниот преоден рок ќе го откупи Хрватот.

Пашалиќ оваа сезона настапи на 28 средби за Аталанта и постигна 6 гола, а имаше и 3 асистенции.

Специјализираниот портал Transfermarkt.com Пашалиќ го оценува на 14 милиони евра.