Екипата со најдобриот напад во италијанското првенство и безмалку четврт-финалист во Лигата на шампионите реши да го откупи договорот на играчот од средниот ред Марио Пашалиќ, кој овде настапува како позајмен фудбалер на Челзи.

Како што пишува The Guardian, Аталанта ќе ги уплати потребните 15 милиони евра и Пашалиќ ќе може да потпише редовен договор со клубот од Бергамо.

Пашалиќ во Аталанта дојде во 2018 година и и помогна на екипата да обезбеди настап во Лигата на шампионите. Оваа година тој се согласи повторно да игра како позајмен фудбалер, се до сега, кога ќе биде во ситуација да потпише долгогодишен договор.

Како награда за најавата, Пашалиќ денеска оствари две асистенции на осминафиналната средба во Лигата на шампионите против Валенсија, која Аталанта ја доби со неверојатни 4:1.