По атрактивната воведна ноќ во првата нокаут рунда во елитата на Европа, денеска во Милано и во Лондон продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампионите на УЕФА.

Во Милано, Аталана ја дочекува Валенсија со желба за нов подвиг, победа над тимот кој нема добри резултати на гостувањата оваа сезона.

Гасперини за денешната пресметка нема да може да смета само на Шутало кој е повреден.

За разлика до домаќините, во екипата на Селадес недостапни се Кокелан, Флорензи, Габриел, Гарај, Ли, Пицини, Родриго и Ваљехо.

Во Лондон, Тотенхем го дочекува Лајпциг. Составот на Мурињо и покрај тоа остана без првите напаѓачи, Сон и Кејн на последните седум натпревари во сите конкуренции нема пораз.

Бундеслигашот во пресметката со Тотенхем влегува во улога на аустајдер но според фудбалските познавачи од Еворпа, има сериозни шанси за пласман во четвртфиналето.