Аталанта по пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе заработи над 50 милиони евра од страна на УЕФА.

Тимот од Бергамо синоќа ја елиминараше Валенсија, откако и во вториот меч славеше над „лилјаците“ овој пат со 3-4.

Аталаната заработи 5.милиони евра од ТВ правата, 15 милиони за влезот во групната фаза и уште 3.3 милиони евра за историскиот пласман во Лигата на шампиони.

Аталанта победи во два меча во групата фаза, а секој триумф носеше по 6.3 милиони евра, а притоа со пласамнот во нокаут фазата заработи 9.5 милиони евра. Со пласманот меѓу осумте најдобри, Аталанта ќе заработи плус 10.5 милиони евра плус 500.000 евра бонуси.

Во овие бројки, исто така, не се земени предвид цените од билетите  за мечевите од домашните натпревари во Лигата на шампиони.