Фудбалерите на Хајдук ја продолжија мизерната серија на Ријека во најсилното фудбалско првенство во Хрватска откако славеа со 1:0 во дербито на 23 коло.

Најир го постигна победничкиот гол за Хајдук во 72 минута, нашиот репрезентативец Атанасов влезе во игра во 81 минута.

За домаќините Андријашевиќ промаши пенал во 96 минута за бод, а лоша вест е тоа што Дарко Велковски се повреди и мораше да биде заменет на стартот од второто полувреме. Дефанзивецот се врати во тимот на Ријека по пауза од 14 натпревари.

Ова е лоша вест за Англовски кој во Велковски гледа стандарден стопер во составот на Македонија на престојните натпревари од мундијалските квалификации.