Јани Атанасов ги постигна двата гола за Македонија на денешниот гостување кај Црна Гора (1:2). Капитенот на нашата у21 селекција тврди дека не е важно кој ги дава головите, важно е да се победува.

„Како капитен на репрезентацијата сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за победата вечерва против Црна Гора. Навистина одигравме храбар натпревар и среќни сме што успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Дадов два гола, но за мене тоа не е толку важно.“ – изјави Јани Атанасов.

„Битно е дека како тим бевме подготвени, ја сакавме победата и мора да продолжиме во истиот правец. Се надевам дека ќе растеме во секој поглед на следните дуели од квалификациите“ – додава Јани Атанасов.