Аталанта, размислува во летниот преоден рок да го ангажира голманот на Јувентус, Матија Перин, кој треба да биде замена за Голини кој го напушта Бергамо ова лето.

Тимот од Бергамо на Голини ќе заработи околу 25.милиони евра, а Перин е идеална замена, по одличните настапи во Џенова сезонава каде играше како позајмен голман од „Старата дама“.

27-годишникот во јуни му завршува позајмицата во Џенова и ќе треба да се врати во Јуве, по крајот на сезоната. Неговиот трансфер Аталанта ќе ја чини од 8 до 10 милиони евра.