Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, може да прејде во Атлетико.

Според информациите на El Larguero, претставници на Атлетико веќе ги почнаа преговорите со Ракитиќ за негов трансфер во летниот преоден рок.

Според изворот, овој трансфер не е невозможен, бидејќи 31-годишниот Ракитиќ не е задоволен од својот статус во Барселона.

Оваа сезона Ракитиќ настапи на 16 средби во Ла Лига и запиша две асистенции.