Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид тргна во „војна“ со актуелниот шампион на Шпанија Барселона за својот поранешен фудбалер Ентоан Гризман за трансферот вреден 120 милиони евра.

Атлетико побара Ла Лига да го истражи трансферот и бараше дополнителни 80 милиони евра, зашто истиот не е склучен летово, туку е договорен порано, со што е прекршена клаузулата за ослободување на играчот за цената која ја платија Каталонците.

Атлетико Мадрид сега бара суспензија на трансферот, што значи и суспензија на играчот и казна за Каталонците.

Доколку се случи вакво нешто, да се суспендира трансферот, Гризман не би можел да игра за Барселона до донесување на конечна одлука, која би можела да биде и доисплата на трансферот.