Еспањол бара 40 милиони евра за Хермосо. Според челниците на Атлетико Мадрид ова е превисока сума за дефанзивецот кој има уште една година од договорот со Еспањол.

Ако не успеат да се договорат за помалата трансфер оштета, Диего Симеоне одлучил клубот да се обиде да дојде до потписот на Дејли Блинд од Ајакс или пак на Николас Отаменди од Манчестер Сити.

Блинд може да игра како лев и како централен бек, што преставува голема сличност со Хермосо. Според Марка, ова е првата резервна варијанта на Симеоне а дополнителен проблем со евентуалниот ангажман на Отаменди може да преставува екстремно високата плата која ја заработува во Манчестер.