Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ е во втор план кај менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Поради тоа Србинот веќе на зима се очекува да го напушти „Олд Трафорд“, иако договорот му истекува по крајот на сезоната.

Немања Матиќ се поврзува со трансфер во Милан, но сега во борбата за Србинот се вклучува и Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ бараат дефанзивен играч од средниот ред и 31-годишниот играч се вклопува во барањата на шпанскиот тим. Добра вест  за Атлетико Мадрид е фактот дека Матиќ игра во Лигата на Европа, а тоа значи дека Србинот ќе биде достапен за натпреварите од Лигата на шампиони.

Диего Симеоне е во потрага по замена на Родри, кој ова лето се пресели во Англија во редовите на Манчестер Сити.