Многу веројатно Реал Мадрид продолжението од сезоната нема да може да го доигра на „Сантиаго Бернабе“ кој се реконструира, одлука која не им се допаѓа на „кралевите“.

Сепак, тие може домашните натпревари да ги играат во Мадрид и тоа откако градскиот ривал Атлетико Мадрид им го понудил „Ванда Метрополитано“.

„ На располагање му сме на Реал, ако сака да играат на Ванда“- изјави претседателот на клубот Енрике Сересо.