Арсенал може да остане без Александре Лаказет откако Атлетико Мадрид одлучил да достави понуда до „топџиите“ за трансфер на напаѓачот.

Лаказет треба да биде директна замена за Гризман во почетниот состав на Диего Симеоне. Според медиумите во Франција, 27 годишниот напаѓач немал ништо против да го облеќе дресот на Атлетико Мадрид.

Лаказет постигна 13 гола во Премиерлигата минaтата сезона а за престојната нема загарантиран првотимски статус од Емери.