Пред да настапи пандемијата од Ковид-19, Дуван Запата беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Аталанта успеа да ја стабилизира формата на 29 годишниот Колумбиец и да го извлече најдоброто од него.

Поради ова, Диего Симеоне верува дека Запата би бил идеално засилување за Атлетико Мадрид ова лето, трансферот би чинел околу 60 милиони евра.

Аталанта го купи Запата од Сампдрија за 26 милиони евра па евентуалната продажба во време на финансиска криза поради коронавирусот би значела и добра заработка.

Покрај Атлетико Мадрид, за Запата се заинтересирани и Јувентус и Интер.