Англискиот репрезенативец, Киеран Трипиер е најновото име кое се поврзува со можена преселба во Мадрид.

Десниот бек на Тотенхем треба да биде директна замена за ветеранот Хуафран кој на крајот од минатитот месец го напушти Атлетико Мадрид.

Симеоне сеуште нема одлучено дали Трипиер или пак Муние од ПСЖ е подобро решение но островските медиуми пишуваат дека понуда од 30 милиони евра ќе ги убеди челниците на Тотенхем за продажба на првата опција за десен бек.

За разлика од Трипиер, бекот на ПСЖ „јорганџиите“ би ги чинел двојно повеќе.