Кристијан Ериксен ќе дојде во Атлетико Мадрид, доколку клубот не го заврши трансферот на Џејмс Родригез од Реал.

Шпанските медиуми пишуваат дека Колумбиецот и понатаму е прва желба на Диего Симеоне, но во случај тоа да не се реализира, подготвен е план Б.

Ериксен, кој по финалето на ЛШ со Тотенхем изјави дека е време да го смени клубот, се доведува во врска и со Реал, но во моментов е на радарот на Атлетико.

Данецот со Тотенхем има договор до јуни 2020 година, а клубот од Лондон минатиот ноември објави дека за него бара 250 милиони евра. Во наредните денови ќе биде познато дали во А.Мадрид ќе одекне нова трансфер бомба.