Креативецот на Вардар, Даниел Аврамовски го одигра првиот натпревар во националниот дрес на Македонија.

Аврамовски влезе во игра на местото на Тошевски во поразот од Австрија од 2:1.

„Одигравме одличен натпревар, поточно во второто полувреме одигравме многу подобро од првото. Пресреќен сум за деби настапот, штета што загубивме. Се надевам дека на следните натпревари ќе имаме многу големи успеси со ваква игра и пристап. Против Израел можеме да очекуваме добра игра и се надевам добар резултат и дека ќе ги израдуваме нашите навивачи кои се надевам дека ќе дојдат во што поголем број да не поддржат.“ – изјави Даниел Аврамовски.