Македонскиот повремен репрезентативец Даниел Аврамовски одигра одличен натпревар денеска за Кајсери на дуелот со Генчлербирлиги во турската Супер лига. Кајсери одигра 2:2  а Аврамовски беше асистент на двата гола за својата екипа.

Македонскиот репрезентативец е стандарден во дресот на Кајсери, а ова му е седми меч со сите 90 минути на теренот, а доколку продолжи со добрите игри , би можел и да се врати во репрезентацијата.

Сепак Аврамовски го чека тешка битка за опстанот во Турската Супер лига со оглед на тоа дека Кајсери е на 17-тото место на табелата и на граница од опасната зона.