Вардар ќе мора да ја победи Шкендија или да одигра реми со шест или повеќе голови ако сака да се пласира во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Ремито на „Тодор Проески“ денеска од 2:2 е разочарувачки резултат за играчот на Вардар, Даниел Аврамовски кој уверува дека тој и неговите соиграчи денеска заслужиле многу повеќе.

„Сметам дека заслуживме да победиме денеска. Бевме подобар противник, имавме повеќе посед, повеќе шанси од противникот. Одигравме за чиста десетка. На почетокот имавме две шанси, потоа и при 0:1 четири прилики, но тоа е фудбалот. Кога не се користат шанси, обично следува казна. Верувавме и при негатива од 0:2 дека можеме да дојдеме до израмнување. Се договоривме да продолжиме да напаѓаме, да креираме шанси. Не можевме цел меч да промашуваме, мораше некогаш топката да заврши во противничкиот гол. И при 2:2 испуштивме шанса за 3:2. Навистина штета и треба да жалиме. Сега има реванш од кој се надеваме дека ќе излеземе како победници, и дека сето она што не го реализиравме тука, ќе успееме таму.“ – изјави за клупскиот сајт, Даниел Аврамовски.