Селекторот на Австрија, Франко Фода нема да може да смета на играчот од Шалке, Алесандро Шепф, играчот за врска се повреди и не е во комбинација за дуелот со Македонија во сабота.

Австрија е голем фаворит на оваа средба со Македонија која исто така има повредени играчи, Алисоки, Тричковски не се во комбинација за саботната пресметка.

Дуелот меѓу Австрија и Македонија се игра во сабота од 20-45 часот.