Зинедин Зидан денеска ќе го предводи Реал Мадрид по 200 пат и ќе им се приклучи на Мигуел Мунос и на ВИсенте Дел Боске, едиствените двајца кои до сега „издржале“ 200 натпревари на клупата на „Кралевите“.

Охрабрувачки момент за Зидан е тоа што во составот за денешната пресметка со Еибар се враќа Еден Азар кој се оправил од повредата и подготвен е за настап од првата минута.

Зидан денеска брка 132 победа како менаџер на Реал Мадрид, досега „Кралевите“ под негово водство победија 131 пат, одиграа 42 нерешени и 26 пати беа поразени.