Најголемото засилување за Реал Мадри ова лето Еден Азар смета дека сеуште не е на потребното ниво, но дека за неколку седмици очекува да биде на потребното ниво и да покаже зошто го сметаат за новиот „галактико“.

„Сѐ уште не сум „Галактико“, јас морам да бидам тој кој ќе го докаже тоа на теренот. Знаеме кои играчи го носеа бројот седум во овој клуб, а јас морам да покажам дека мора да бидам најдобар на светот“, изјави Еден Азар.

Азар веќе во вторник ќе има можност да ги покаже своите квалитетети на мечот меѓу Реал Мадрид и Клуб Бриж во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.