Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар се извини и рече дека не сакал да ги навреди навивачите на неговиот клуб , откако се смееше и се шегуваше со играчите на Челзи по поразот во реваншот од полуфиналето и елиминацијата од Лигата на шампионите.

„Жал ми е. Прочитав многу мислења за мене, немав намера да ги навредам навивачите на Реал Мадрид. Отсекогаш ми беше сон да играм за Реал Мадрид и дојдов овде да победувам. Оваа сезона не е завршена и заедно треба да се бориме за титулата во Ла Лига. Напред Мадрид“  изјави Азар на социјалните мрежи.

Реал го загуби натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи со вкупен резултат 3: 1. Лондонскиот клуб во средата победи со 2: 0 на „Стемфорд Бриџ“, а минатата недела имаше 1: 1 во Мадрид.

Азар, кој одигра 350 натпревари и постигна 110 погодоци за Челси од 2012 до 2019 година, беше заменет на крајот од натпреварот по лошата игра. На крајот од мечот, белгискиот фудбалер им го честиташе успехот на своите поранешни соиграчи, и се смееше и се шегуваше со некои од нив и беше расположен.

Ова ги налути навивачите на Реал и некои шпански медиуми, а некои навивачи побараа од управата да го продаде Азар.