Еден Азар за шпанските медиуми даде свое мислење за навивачите во Шпанија и Англија. Според Белгиецот, кој направи трансфер во Реал Мадрид ова лето од Челси за 100 милиони евра, во Шпанија има подобри навивачи.

„Во Челси кога ќе загубевме, бевме разочарани, исто како и навивачите, но никогаш немав чувство дека тоа е катастрофа. Во Шпанија е поинаку. Мислам дека тука навивачите се навистина навивачи, фудбалот им е сè во животот. Во Англија нема толку многу навивачи“, изјави Азар.