Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар нема по добро да ја памети деби сезоната во дресот на „Кралевите“.

Репрезентативецот на Белгија пред десетина дена ја повреди десната нога по што мораше да замине на опреција. Хирушкиот зафат бил извршен успешно во САД по што напаѓачот ќе мора да паузира најмалку три месеци. Ова значи дека за Азар сезоната во Шпанија е завршена.

Останува неизвесно дали Азар ќе успее навремено да се рехабилитира за настапот на престојното ЕУРО 2020 иако првичните прогнози не се поволни за фановите на репрезентативецот на Белгија.