Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар никако да се врати во полна форма и да остане во првиот тим на Зидан подолго од една недела.

Откако поради повреда мораше да паузира до крајот на овој месец, на последните лесен тренинг, Азар кој работи под посебна програма, повторил стара повреда на мускулот на левата нога.

Поради ова можно е Зидан да чека на Азар до средината на април, а не е исклучена и пауза до крајот на следниот месец.

Азар се поврзува и со заминување од Мадрид откако поради најразличните повреди мораше да пауза повеќе од времето минато во првата екипа по трансферот од Челси за 150 милиони евра.

Реал Мадрид денеска му гостува на Атлетико Мадрид во дербито на колото во Ла Лига.