Во Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекуваат стартот на новата сезона во Европа, каде битолчани повторно ќе бидат дел од Лигата на Европа на ЕХГ.

Тие минатата сезона успеаја да ја минат групата, но потоа претежок ривал беше Магдебург, кој на крајот беше и шампион во ова натпреварување.

Бабиќ се надева на уште подобар резултат во новата сезона во која Еурофарм Пелистер директно се пласира во групната фаза, како предуслов за клубот да продолжи да се развива.

„Наша цел е да одиграме добро во групната фаза и да го обезбедиме местото меѓу најдобрите 16. Важно е да се биде максимално подготвен за нокаут фазата што ќе почне во 2022 година. Добар настап во ЕХФ Лигата на Европа е нашиот прв приоритет за оваа сезона. Сакаме да играме во европските купови секој година и со добри резултати да донесеме големи ракометари во Битола. Секој европски натпревар е важен за да покажете дека имате врвен проект, а ние сакаме да бидеме дел од европската ракометна елита“, изјави Бабиќ.