Германскиот репрезентативец, Каи Хавертз е трансфер мета на повеќе тимови од Европа и откако ова лето неговиот клуб успеа да го задржи испрати порака до сите заинтересирани за услугит на плејмејкерот.

Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул, ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона ќе мора да издвојат 90 милиони евра ако сакаат да преговараат со Леверкузен за евентуален трансфер на Хавертз во следниот летен преоден рок.

Офанзивниот плеј кој оваа година добива шанса и како крилен напаѓач во составот на „фармацефтите“ неодамна изјави дека е среќен што и оваа сезона ќе игра за Баер но веќе следното лето можно е да го промени клубот.