Еропскиот првак Баерн Минхен веднаш ја најде замената за Тиаго Алкантара и е пред потпис со тинејџерот на Ајакс Сержињо Дест.

Според медиумските извештаи, Баерн веќе ги договорил личните услови со 19-годишниот дефанзивец, а останува уште да најде заеднички јазик со Ајакс околу висината на трансферот.

Баерн се надева дека може да го донесе Дест за помалку лд десет милиони евра, додека Ајакс не попушта во барањето за 13 милиони евра.

Шпанските медими јавија дека Холанѓанецот е трансфер цел и на Барселона по препорака на новиот тренер Роналд Куман.