Според информациите на шпанските медиуми, во екипата на Баерн се очекува смена на тренерскта позиција, бидејќи Ханс-Дитер Флик ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Според овие извори, главен кандидат за испразнетото место ќе биде Аргентинецот Диего Симеоне, сегашниот тренер на Атлетико Мадрид, со кого Баерн има намера да склучи долгогодишен договор.

Пред извесно време, Диего Симеоне го поврзуваа и со Челзи и со ПСЖ.