Шалке ја продлабочи кризата откако во Гелзенкирхен загуби од шампионот Баерн Минхен со 0-4.

За Шалке ова беше 13 пораз сезонава во Бундес лигата, Баерн се зацврсти на првото место со 42 бода.

Баерн до победата дојде со двата гола на  Милер , по еднаш во листата на стрелците се запишаа Левандовски и Алаба.

Шалке е во серија на три порази во низа, дома има вкупно седум, Баерн на гости сега има 7 победи.