Ханс Флик беше назначен за привремено решение кај Баерн Минхен по отказот кој го доби Нико Ковач, но „човекот од сенка“ го препороди шампионот на Германија, сепак последниот пораз од Леверкузен ги raзбуди навивачите, бараат трајно решение.

Баерн под раководство на Флик врза четири победи со 14-0 гол разлика, викендов загуби од Леверкузен со 3-1, навивачите бараат големо тренерско име на клупата.

Извршниот директор, Карл Хајнц Румениге по поразот изјави дека клубот нема да брза со избор на нов тренер, Баерн е четврти на табелата.

„Со Флик се договоривме да работи до крајот на првиот дел, не брзаме, на полусезоната ќе најдеме долгорочно решение“ – изјави Румениге.

Последното име за кое се шпекулира дека би можел да биде долгорочно решение на клупата на шампионот е Маурисио Покетино кој доби отказ од Тотнхем.