Дајот Упамекано од Лајпциг е желба на Баерн Минхен, но во конкуренција за потпис на репрезентативецот на Франција се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Сепак Баерн Минхен е во предност бидејќи е во интензивни преговори со Дајот Упамекано, неговите лични услови се речиси догвоорени, шампионот на Германија летово ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра.

Летово Упамекано ќе потпише за Баерн откако нема да има правни пречки, Лајпциг нема можност да го запре шампионот на Германија доколку ги уплати 42. милиони евра од откупната клаузула.