Баерн Минхем вчера на мечот против со  Франкфурт го доживеја еден од најтешките порази во последната декада, откако загубија  со 5-1 во рамките на Бундес-лигата.

„Цехот“ за ваквото понижување ќе го плати Нико Ковач, тренерот на баварскиот тим, кој пак изјави дека нема намера да го напушти кормилото на германскиот гигант. Сепак, челниците на „Баварците“ разгледуваат можности за негов наследник, а според „Corriere dello Sport“ тие веќе стапиле во контакт со Масимилијано Алегри.

Италјанецот по отказот во Јувентус сеуште е без ангажман, а со „старата дама“ освои пет Скудета во низа и два пати беше дел од финалето во Лигата на шампиони.