Германскиот фудбалси шампион одлучил дека Вилфред Заха е идеално летно засилување за екипата на Нико Ковач. Поранешниот напаѓач на Јунајтед ова лето е во потрага по нов клуб но преговорите засега не носат резултати.

Арсенал веќе се обиде да го убеди Кристал Палас за продажбата на Заха но понуда од Лондон од 40 милиони евра беше експресно одбиена. Баерн Минхен не успеа да дојде до Одои од Челси, Сане од Сити и Бејл од Реал Мадрид па замената за Рибери ја гледа во Кристал Палас.

Неофицијално Заха ќе добиде дозвола да го напушти клубот само ако некој за него плати 85 милиони евра.