Германскиот весник „Билд“ денес објави дека Мароканецот кој настапува за холандски Ајакс Хаким Зијеш е на чекор од трансфер во германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен за сума од 30 милиони евра.

Спортскиот директор на баварците, Хасан Салихамиџиќ според информациите неодамна се сретнал со агентот на Зијеш, Мустафа Нахи и му ја претставил официјалната понуда која наводно била прималива за играчот.

Зијеш ја одигра најдобрата сезона во кариерата и ја со освои двојната круна со Ајакс во Холандија.

На 49 натпревари оваа сезона Зијеш постигна 21 гол и запиша 24 асистенции.